Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Нов здравствен дом во Илинден, континуирана соработка помеѓу општините и централната власт е модел за функционална држава во корист на граѓаните

Цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се инвестиции во модернизација на здравствените установи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се инвестиции во модернизација на здравствените установи низ државата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ континуирано инвестира средства од централниот буџет за капитални инфраструктурни објекти во општините, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Целта е општините да станат вистински сервис за граѓаните кои ќе испорачуваат навремени услуги.

Заложбата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е модерни, транспарентни и финансиски стабилни општини. Во таа насока реализирани се 94 проекти на Владата со локалната самоуправа.

Реклама

По половина век општина Илинден доби нова здравствена установа, амбуланта во населено место Илинден која е во рамки на ЈЗУ Здравствен дом-Скопје.

Преку соработка на Владата и локалните самоуправа се реализира проект кој е долго ветуван и неопходен за граѓаните на општината и околните населени места“, нотираат во соопштението.

Со вкупна површина од над 600 квадратни метри, објектот е изграден на две нивоа според највисоките современи стандарди. Има можности како за примарни здравствени услуги така и за специјалистички. Во оваа амбуланта вложени се 16 милиони денари но заедно со придружната инфраструктура вкупната инвестициска вредност достигна 25 милиони денари, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку овој проект граѓаните ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги.

Дел од проектите кои се реализираа во изминатиот период се: целосно реновиран одделот за ургентна инфектологија, и интензивната нега во Инфективната клиника.

Во Општата болница во Гостивар се реновираа неколку одделенија, како и во Клиничката болница во Тетово.

Се реновираше радиологија на Хируршките клиники, како и невролошката амбуланта во Детската клиника, интензивно се работи на клиниката КАРИЛ.

Преку соработка и на владата, општините и институциите се реализираат ветувањата со цел поквалитетен живот на граѓаните.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.