Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Нов сомнителен случај од Западно-нилска треска, на инфективна се уште има пациенти во критична состојба

Расте бројот на пациенти кои се јавуваат на Инфективна со воспаление на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на пациенти кои се јавуваат на Инфективна со воспаление на мозокот. Во изминатото деноноќие уште  еден сомнителен случај на Западно- нилска треска е примен на Инфективната клинка. Тројцата пациенти сеуште се критични и  се на механичка вентилација и нивната состојба постојано се следи. Вкупно до сега има 17 заболени од вирусот. За сите нови случаи се прават дополнителни испитувања, но според клиничката слика и симптомите со кои се примени во болница укажуваат на Западно- нилска треска.

-Имаме шест пациенти кои се водат како клинички  суспектни иакокај нив со ПСР технологија резултатите се негативни, но ПСР технологијата не е златен стандард  кај невроинвазивната форма на Вестнајлот. Така што ние уште тие пациенти се подложни на дополнителни лабараториски иследувања и се лекуваат и се третираат како пациенти со Западно-нилска трескаистакна директорот на Клиниката за инфективни болести др. Фадил Цана.

Др. Цана додава дека овој тест не може да биде позитивен кога веќе болеста е во поодмината фаза и затоа се прават дополнителни испитувања. Клинички ги сметаат како позитивни затоа што се тестирани кога веќе имале компликации. Инаку сите нови 7 пациенти се во стабилна состојба и се лекуваат во одделот за невроинфекции. Сите се на возраст над 60 години и се од Скопје. Граѓаните велат дека знаат за вирусот и дека ги следат препораките на надлежните за нивна заштита.

Реклама

-Следиме што може да следиме, се заштитуваме со некои спрејови, но дај боже да не закачиме. Знам луѓево лежат таму горе. Да и лежат горе во Инфективна.

-Многу не се движам, повлечена сум дома. Препораките само слушам дека се зголемува бројот, инаку не ги почитувам, не можам да ги избегнам комарците, живеам во куќа со двор со зеленило и секој ден поливам. Начинот на кој се штити слушам со долги ракави да не се иде во топло во зеленило али не знам тоа дали е заштита.

-Ги почитувам да, секоја болест треба да се почитува секоја зараза точно. Се заштитувам

Западно-нилската треска се пренесува само од убод од заразен комарец и не се пренесува од човек на човек. Надлежните апелираат ако граѓаните почувствуваат висока температура, главоболка, треска, дезоринетираност веднаш да се јават на Инфективната клиника. Перидот на инкубација е од 3 до 14 дена. Остануваат препораките на надлежните да се користат средства против комарци, да се носи облека со долги ракави и ногавици особено во вечерните часови , да се постават заштитни мрежи на прозорците и да се отстранува застоената вода во дворовите каде комарците се размножуваат.