Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Нов очајнички обид на Ахмети: Албанците да пријавеле дискриминација на „Месинџер“

ДУИ во очајнички обиди да прикаже дека во Македонија има албанофобија. Откако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ во очајнички обиди да прикаже дека во Македонија има албанофобија. Откако не им успеа ниту една тактика и видоа дека веќе националистичката реторика не пали ниту кај нивните гласачи, сега влегоа во улога на херои – ќе ги штителе правата на Албанците и ќе превенирале дискриминација преку таканаречената „мрежа за жалби“. Иако институциите повеќе од две децении беа под палката на Али Ахмети, дури сега му текна да глуми спасител.

Неговата партија на социјалните мрежи ги повика Албанците кои се соочиле со непочитување на нивниот јазик или одбиена можност поради етничката припадност, да испратат порака на фејсбук.

„Дали сте се соочиле со непочитување на Законот за албански јазик? Дали ви е одбиена можност само поради вашата етничка припадност или политичка припадност? Дали сметате дека во институцијата каде што работите, ве третираат како граѓанин од втор ред? Дали сте албанска компанија која се соочува со пречки и етничка дискриминација? Ако сте доживеале неправда, дискриминација или исклучување, пишете ни на „Месинџер“. Вашиот случај нема да биде игнориран. Ако не го кажеме тоа денес, утре ќе биде предоцна“, велат од ДУИ.

Реклама

Според експертите – ова е уште една театарска претстава на ДУИ – која не може да си помогне самата на себе, камо ли на граѓаните. Новата тактика на интегративците да го привлечат вниманието со тоа што глумат адвокати, правобранители и антикорупционери е однапред осудена на пропаст.

ДУИ не може да си помогне самата на себе. Има голем пад на рејтингот, и овие безидејни обиди да го виктимизира албанскиот народ не поминуваат. Во државава си има институции кои се грижат за правата на граѓаните, вели политичкиот аналитичар и новинар Џенур Исени.

Упатените се децидни дека вртоглавиот пад на рејтингот и желбата да ги заштитат криминалните структури во партијата меѓу кои и Артан Груби е причина за ваквите чекори. По неколкумесечни жалопојки дека отидоа во опозиција, последен кец во ракавот им е Албанците да ги претстават како жртви и под превезот на таканаречена борба за нивните права, да се заштитат себе си од одговорност, која сепак набрзо ќе стигне.