Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Нов инвестициски циклус во 2025 година

Годинава завршува со рекордно ниво на инвестиции, а премиерот за наредната најавува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Годинава завршува со рекордно ниво на инвестиции, а премиерот за наредната најавува ново мега вложување од над 350 милиони евра. Тој рече дека овој инвеститор треба да има голем извозен потенцијал кој позитивно ќе влијае врз обемот на брутодомашниот производ. Компанијата планира вработување на 500 луѓе. Засега не се откриваат детали од која држава е инвеститорот и во кој сектор работи. Владата преговара со вкупно 15 странски компании кои треба да изберат меѓу Македонија и некоја друга држава каде да го стационираат своето производство.

„Очекувам оваа инвестиција да ја заокружиме следната година,  инвестиција која што ќе биде навистина би рекол огромна за нас и ќе значи многу за македонската економија. тоа е мој фокус и мораме да продолжиме да се фокусираме на тоа да создаваме производи со голема додадена вредност затоа што само на тој начин ќе ни расте економијата“ – изјави Мицкоски.

Реализацијата на капиталните инвестиции на една недела пред истекот на годината изнесувала 69.5% или 422 милиони евра. Премиерот очекува до крајот на декември таа да надмине 70% од планираното. Задоволен е од направеното, со оглед дека ваков резултат е постигнат во изборна година. Вели дека неговата Влада направила се што можела да ја забрза изградбата на патишта, пруги, болници, училишта, градинки. За следната година очекува многу подобри перформанси, особено затоа што е предвидено рекордно ниво на капитални инвестиции над 800 милиони евра и голема подршка на економијата.

Реклама

„Оваа реализација е коректна. Новата влада направи се што можеше да го згол ниво. Следна рекорден буџет за капи општини и влада. Поддршка кон економијата директна 2,5 млрд ден. 2,5 млрд ден, кредит 1,95% за фирмите“ – вели Мицкоски.

Особено е голема поддршката во земјоделскиот сектор – вели Мицкоски. За 6 месеци им биле исплатени 70 милиони евра на земјоделците. Од овие пари, дури 40 милиони евра се долгови на претходната влада, пари кои им ги должеле на земјоделците од 2020-та година досега.