Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Ниска инфлација, стабилен денар – приоритети на Трајко Славески, новиот гувернер на Народната Банка

Задржување на ценовната стабилност, односно ниска инфлација и одржување на курсот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задржување на ценовната стабилност, односно ниска инфлација и одржување на курсот на денарот, финансиска стабилност и поддршка на политиките на Владата – ова се приоритетите на новиот, шестти по ред гувернер на Народната Банка, Трајко Славески. Откако тој беше избран во Собранието вчера вечер со 68 гласа „за“ и 16 „против“, вели дека ќе ја оправда довербата, а на оние што го критикуваа им порача дека Народната банка ќе остане независна институциуа, без политичко влијание. Потенцираше дека бил присутен во законодавниот дом при формирањето на Народната банка и воведувањето на денарот како национална валута и дека ја следи работата и надлежностите на монетарните власти низ годините.

Еден од најголемите предизвици ќе биде одржувањето на ниска стапка на инфлација. Новиот гувернер уверува дека курсот на денарот ќе остане стабилен и врзан за еврото – уверува Славески.

Новиот гувернер Трајко Славески ќе ја извршува функцијата во следните 7 години. Тој на позицијата прв човек на монетарната власт доаѓа од местото Претседател на Советот на Град Скопје. Своето образование го комплетирал на Економскиот Факултет во Скопје, кадешто денеска предава како редовен професор. Посетувал постдипломски студии на Калифорнискиот државен Универзитет во Чико, САД и на Универзитетот Харвард. Бил визитинг професор на два универзитети, автор е на бројни книги и статии, објавени во научни и стручни списанија во земјата и странство, од областа на приватизацијата, економското преструктуирање, економскиот развој, економските и социјалните функции на државата. Бил министер за развој во периодот од 1999 до 2000 година и министер за финансии од 2006-та до 2009-та година.