Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Николовски: Годинава поднесени 174 кривични пријави, три пати повеќе споредбено со лани

Годинава Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднело вкупно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Годинава Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднело вкупно 174 кривични пријави против 361 физичко лице и 126 правни лица, што е за над три пати повеќе споредбено со минатата година кога биле поднесени 53 кривични пријави против 54 физички лица и 23 правни лица. Станува збор за откриени кривични дела меѓу кои царинска измама, криумчарење, недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дрога и фалсификување исправа. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.

На прашање дали се откриени нови криминали со возила, директорот потенцира дека годинава до ОЈО и ОЈО ГОКК се поднесени 89 кривични пријави против 69 правни и 230 физички лица поради основано сомневање за сторени криминални дела со вкупно 204 возила.

„Само до ОЈО ГОКК се поднесени 26 кривични пријави против 50 правни и 160 физички лица, за сторени кривични дела со 90 возила. Заедничко за овие случаи е грубото кршење на законските прописи, при што вмешани се царински службеници, шпедиции, увозници, нотари и полициски службеници. Изработувани се фалсификувани документи и возилата се пуштани во слободен промет без да се плати царина и други увозни давачки во целост, односно давачките се делумно плаќани“, истакна Николовски.

Реклама

Истрагите резултираа и со зголемена наплата на приходи од увоз на возила. Анализата за октомври, покажува најголем раст на наплатени приходи од увоз на возила, додека на кумулативно ниво, приходите од увоз на возила се на второ место по приходите од увоз на тутун.