Реклама

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Економија

Николоски: Започнуваме со амбициозна агенда, со најголемиот инфраструктурен проект во регионот

Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно и договорите ќе донесат голема додадена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно и договорите ќе донесат голема додадена вредност за Македонија – уверува Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во гостување на ТВ Алфа тој нагласи дека додадената вредност е најмногу политичка, бидејќи вели финансирање на инфраструктурни проекти може да се обезбеди и од други извори, но оваа соработка до која тешко се доаѓа е силен политички сигнал за довербата во земјава. Ова е првпат, вели Николоски, втората најмоќна сила да и даде поддршка на Македонија во делот на реформите, инфраструктурата, здравството, образованието.

За критиките на опозицијата, Николоски вели дека за разлика од претходната Влада оваа е транспарентна. Договорот со Обединетото Кралство не бил таен, бил достапен за јавноста и изгласан во Собранието. Тој рече дека првите конкретни активности за дел од проектите кои ќе се поддржат од Британија може да се очекуваат наесен. Во вторник ќе се формира Координативно тело составено од надлежни ресорни министри кое ќе го следи извршувањето на проектите. Прв и најголем проект кој чека на реализација е брзата пруга од Табановце до Гевгелија. Министерството за финансии ќе биде задолжено да бара финансии за изградбата, но поважно е според Николоски, дека Британија ќе биде гарант, кредитот ќе биде подигнат според британскиот кредитен рејтинг, а тоа ќе значи и пониски каматни стапки.

По потпишувањето на меѓувладиниот договор во Лондон, Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе го потпишат двајцата премиери во наредниот период. Стратешкиот договор со Обединетото Кралство „тежи“ 6 милијарди евра. Првиот циклус инвестиции ќе биде во вредност од над две милијарди евра. Тој вклучува изградба на брзата пруга, реконструкција на болниците во Кичево и Тетово, како и изградба на Клиничка болница, со Медицински факултет и Студентски дом во Штип. Премиерот најави дека се размислува и изведбата на проектот за хидроелектраните Чебрен и Галиште исто така да се реализира преку стратешкото партнерство со Британија.