Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Економија

Николоски: Со Грција имаме можност да станеме најдобри економски партнери во регионот

Соработката со Грција може да расте и земјата да биде најдобар економски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соработката со Грција може да расте и земјата да биде најдобар економски партнер на Македонија во регионот. Ова го истакна Вицепремиерот Александар Николоски по дводневната посета на Атина кадешто се сретна со високи владини претставници меѓу кои вицепремиерот на Грција Костис Хаѕидакис, со министерот за инфраструктура и транспорт Христос Димас, со алтернативниот министер за инфраструктура надлежен за железничкиот сообраќај Константинос Киранакис, како и со менаџментот на пристаништето Пиреа. Во фокусот на разговорите биле Коридорот 10., брзата пруга која треба да ги зголеми приходите за десет пати, како и регионалното поврзување. Николоски се надева дека следната година ќе почне да се работи на пругата од Табановце до Гевгелија, а до 2032-та година проектот да биде завршен. И Грците следната година треба да почнат со изградба на 50-тина километри пруга до македонска граница.

Следната година почнуваат и тие, така што на тој начин двете држави ќе се поврзат, а исто така се договоривме и за еден договор што сакаме да го потпишеме помеѓу Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија за соработка на Коридорот 10 кој што веќе беше спремен и беше готов за потпишување уште минатата година, но поради политичката нестабилност што настана во Србија се одложи и сега повторно го враќаме на мапа и би сакале да го потпишеме и на тој начин да ја имаме и формализирано оваа соработка на петте земји што се на Коридорот 10 – вели Николоски.

Николоски истакна дека токму железничкото поврзување е клучно за поголемо користење на пристаништата во Солун и Атина и за поголемо зголемување на македонската економија. Тој рече дека на среден рок Владата размислува и за соработка со пристаништата во Кавала, Игуменица и Александрополис.

Реклама

Ние во моментов имаме приход на македонските железнички претпријатија, железничка инфраструктура и железница транспорт некаде 12 милиони евра. Предвидувањата на експертите се дека со изградбата на брзата пруга тоа ќе биде 120 милиони евра, значи десет пати нагоре, а ако оди десет пати нагоре тоа ќе значи многу многу повеќе работа и за атинското и солунското пристаниште – вели тој.

Со грчките власти било разговарано и за инфраструктурните инвестиции од македонска страна на потегот Градско  – Прилеп – Битола, со што се пробива патот за побрз транспорт на граничниот премин Меџитлија. Грците исто така забрзано граделе во нивниот дел, па очекувањата се од Скопје до Атина патувањето да се намали од 8 на 5 часа. Не само што расте трговската размена, туку Николоски вели и дека се повеќе компании се заинтересирани да вложуваат во соседната држава и тоа не само во туризмот, туку и во другите сектори.