Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Економија

Николоски: Седум години владата на СДСМ и ДУИ не стави ни метро асфалт на Охрид-Кичево, оваа Влада ќе го изгради во рокот

За година и половина завршивме 37 километри и ги пуштивме во сообраќај на автопатот Охрид-Кичево и тоа е доказ дека многу сериозно ги водиме проектите. За разлика од нас, владата на СДСМ и на ДУИ седум години не стави ни метро асфалт, истакна вицепремиерот Николоски. Проблемот, посочи министерот, е на предходната влада која што од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За година и половина завршивме 37 километри и ги пуштивме во сообраќај на автопатот Охрид-Кичево и тоа е доказ дека многу сериозно ги водиме проектите. За разлика од нас, владата на СДСМ и на ДУИ седум години не стави ни метро асфалт, истакна вицепремиерот Николоски.

Проблемот, посочи министерот, е на предходната влада која што од политички причини тој проект го напушти.

– Факт е дека седум години владата на Зоран Заев на СДСМ и ДУИ, тој проект не го работеше. Од причина што тие решија политички да го напуштат, нели отвораа и судски процеси и така натаму. И ние не можеме да преземаме одговорност за седум години од претходната влада, Кога бевме избрани, метро асфалт немаше на Охрид Кичево. Успеавме за година и некаде шест месеци, значи вкупно 18 месеци имаме активна работа, предходно ни требаше период да проучиме и да видиме кај сме, сега завршивме 37 километри, што е огромно достигнување. Така што според мене, на Охрид – Кичево велам дека се работи година и пол. Претходно не се работело. Едно е да се работи, па да не се заврши, друго е да воопшто не се работи. Така што овие година и половина на Охрид – Кичево покажува дека ние сме многу сериозни и дека многу сериозно ги водиме проектите и тоа е најдобар доказ дека ги завршуваме и проектите кои што се после нас, рече вицепремиерот Николоски.

Реклама

Тој најави дека за неколку недели ќе биде избран изведувач за автопатот Скопје-Блаце. – За автопатот Скопје -Блаце имаме дел кредит, дел грант со ЕБОР и со договор со ЕБОР да одиме според нивните правила, затоа што за да се изгради еден инфраструктурен објект најважно е да се обезбедат средства. Имајќи предвид дека ги обезбедуваме од таму, ги следиме нивните правила. И според нивните правила сме во финална фаза на избор на изведувач, која велам финално очекувам за максимум недели, не месеци, туку недели, Европската банка за обнова и развој да го избере Изведувачот и после тоа да почнат да работат. Таму рок за завршување е 3,5 години според правилата на банката, имајќи предвид дека и делницата е пократка, информира министерот за транспорт.