Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Николоски: Правдата ќе ги стигне сите кои згрешиле, граѓаните очекуваат ред

Граѓаните на Македонија очекуваат ред и правда, но за жал ниту судството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните на Македонија очекуваат ред и правда, но за жал ниту судството ниту обвинителството, ги испорачуваат. Одредени структури  кои повеќе од три децении се вгнездени во Обвинителството и Судскиот совет даваат отпор.  Тоа не значи дека сите таму што работат се неспособни, но има една мала група која со своите политички и бизнис интеереси го поткопува целиот систем, рече вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски порачувајќи дека правдата ќе ги стигне сите оние кои се огрешиле.

„Првиот чекор секако беше интерпелациите за членовите на Републичкиот судски совет  и јас очекував дента кога ги поднесоа интерпелациите ќе поднесат оставка од причина што мнозинството кои ги избрало веќе не постои и не само што не постои доживеа и катастрофален пораз на парламентарните избори, што значи дека народната волја е јасна. Но, наместо тоа, тие решија да се спротистават, ќе поминеме низ процедурата на разрешување во Собранието и ќе бидат разрешени. Слично е и со Обвинителството. И таму се дава отпор, но тоа е прашање на месец или два. Правдата ќе ги стигне сите оние што згрешиле„ изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски

Николоски посочи дека за ресорот кој тој го води, има поднесено над 20кривични пријави и иницијативи, но  досега ниту една не е реализирана.

Реклама

„Преку 20кривични пријави  и иницијативи имам поднесено до соодветните институции и досега не е реализирана ниту една , што најверојатно покажува како работат и на кој начин работат. Слушаме многу ветрувања, а малку ветување„ изјави Александар Николски, вицепремиер и министер за транспорт и врски.

Николоски, за во наредниот период  најави силен активизам во судството и обвинителство, со цел конечно  да завладее ред во државата.