Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Николоски: Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет

Имаме две добри вести, првата е дека конечно ќе се воспостави директна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имаме две добри вести, првата е дека конечно ќе се воспостави директна линија од Скопје до Амстердам, што е огромна можност за туризмот, со оглед дека Македонија е популарна дестинација за Холаѓаните. И најновата вест е дека авиокомпанијата Изиџет формално поднесе документи во министерството за Скопје-Париз до аеродромот “Орли”, кој што е најблиску до центарот на Париз, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој потенцираше дека во наредниот период се очекува да бидат потврдени уште 3-4 дестинации до кои ќе се лета од македонските аеродроми. Во однос на состојбата во која како министер ги затекнал аеродромите во државата, тој истакна:

„Во услови каде приштинскиот аеродром го заминува скопскиот, а охридскиот ќе добие сериозна конкуренција во аеродромот во Валона кој што се гради во моментов, како и во помалите грчки аеродроми во северниот дел на Грција, сфатив дека мора да направиме драстична промена. Таа промена ја направивме со политиката на субвенционирање на летови, каде што прво субвенциите ќе одат по патник кој што доаѓа во Македонија, а не по патник кој што заминува од државата, како што правела претходната власт. Второ, драстично се зголемени субвенциите, и за охридскиот аеродром се повисоки од скопскиот, со цел привлекување на туристи. Тоа ги даде првите резултати и веќе имаме 8 нови линии. Од Скопје ќе се лета до Дубаи, Барселона, Лион и Штутгарт, а од Охрид како дестинации се потврдени Базел и главниот аеродром во Истанбул“, истакна Николоски, кој додаде дека поврзувањето со овој аеродром во Истанбул веќе донесе и резервации на карти од Сиднеј, Вашингтон, Торонто и други светски метрополи до Охрид” потенцираше вицепремиерот Николоски.