Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата, лозарите со исплатени субвенции ја започнуваат сезоната

Субвенциите на лозарите во целост се исплатени. На овој начин Владата го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Субвенциите на лозарите во целост се исплатени. На овој начин Владата го стимулира лозарството и го вреднува трудот на лозарите, порача вицепремиерот Александар Николоски. Во Неготино тој присуствуваше на традиционалното закројување на лозово гранче по повод Св. Трифун, чувар и заштитник на лозарите. Николоски на лозарите им посака плодна година и повисоки откупни цени, посочувајќи дека при неговата последна посета на Париз, македонското вино по својот квалитет успеало да се етаблира меѓу најврвните европски вина.

„Целосно се исплатени субвенциите за сите оние кои макотрпно работат, произведуваат. Се надевам дека тоа ќе биде мотив и стимул и оваа сезона да има добар род и што повеќе да се мотивирани земјоделците за што повеќе да сработат. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме и да го стимулираме земјоделството. Цените кои што можат да се видат оваа година се навистина добри и се надеваме дека следната сезона ќе имаме уште подобри цени“, изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски.

Градоначалничката на Неготино, Марија Нацева, истакна дека локалната самоуправа останува цврсто на страната на лозарите и е подготвена да го слушне нивниот глас и потреби.

Реклама

„Сакам да им честитам на сите земјоделци и лозари кои меѓувреме ги добија своите субвенции со кои им се валоризира нивниот труд кој го вложуваат преку целата година. Ние како локална самоуправа остануваме да стоиме цврсто и да го слушнеме нивниот глас“, изјави Марија Нацева, градоначалничка на Неготино.

Со цел дополнително да се валоризира лозарството, во Неготино беа поставени и штандови на кои локалните производители ги промовираа своите производи. Освен ракија и вино, од грозјето се произведува и еликсир на животот, објаснува младата лозарка Ангела Јовановиќ, посочувајќи дека лозарството нуди многу повеќе од традиционалните производи.

„Од грозјето се произведува маџун. Тоа е посебна техника за производство на сируп од грозје, кој служи за зајакнување на имунитетот, подобрување на крвната слика. Го викаат уште и еликсир на животот“, изјави производителката Ангела Јовановиќ.

При денешната посета на Неготино, вицепремиерот Николоски истакна дека Владата ќе продолжи со поддршка и во делот на инфраструктурата, посочувајќи ја како клучна за полесна комуникација и економски развој во регионот.