Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Економија

Николоски: автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов во 2026-та, од „Бехтел и Енка“ ќе издејствуваме повеќе километри

Македонија да добие од “Бехтел и Енка“ повеќе километри автопат од тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија да добие од “Бехтел и Енка“ повеќе километри автопат од тоа што е договорено – ова го најави како негова главна заложба новиот министер за транспорт Александар Николоски. Според него, договорот не може да се раскине, бидејќи со тоа би  веќе платените 240 милиони евра за подготвителни работи од претходната влада, а компанијата можела и да тужи за неисполнување на договореното. Тој претходно најави дека информациите за спорниот договор вреден 1,3 милијарда евра ќе станат јавни, но за тоа треба согласност од двете страни, па зелено светло требало да даде „Бехтел и Енка“.

„Mислам дека ќе биде недомаќински и душмански однос кон Буџетот ако јас сега го прекинам договорот, а тие средства веќе се кај изведувачот и не можат да се вратат. Изведувачот може да тужи и да побара арбитража и да платиме уште толку и да отидат половина милијарда евра средства, а да немаме ниту километар автопат. Треба да се бориме за да добиеме што повеќе километри автопат и што побрзо изграден во Македонија“ – рече Николоски.

За проблематичниот автопат Кичево – Охрид кој се гради десет години, Николоски вели дека ќе се изгради во ветениот рок до крајот на 2026-та година. Алармира дека проектот е многу специфичен и има многу недостатоци кои треба да се елиминираат, но е уверен дека сите градежни работи ќе финишираат навреме.

Реклама

„Дел од проблемите се однесуваат на експропријацијата, дел се за утврдените косини, а дел се однесуваат на дислокацијата на затекнатите објекти на трасата, кои во најголем дел се бензински пумпи. Како ќе правиме, ќе правиме, но ќе го оствариме ветувањето дека до 2026 година ќе имаме функционален автопат до нашиот најголем туристички центар“ – истакна Николоски.

Проблемите кои никако да престанат, а се поврзани со изградбата на автопатот Охрид-Кичево, според деканот на Градежниот факултет покажуваат дека на проектирањето на вакви инфраструктурни проекти треба повеќе да се внимава и подолго да се работи на тоа.

Кога денес би се проектирал овој автопат сигурно би се пристапило поинаку и би се нашле поинакви решенија за одредени проблеми кои сега се јавуваат“, рече Горан Марковски, декан на Градежен факултет.

Во делот на железницата, Николоски најавува дека главен приоритет ќе биде модернизацијата на пругата долж Коридорот 10. Токму овој патен правец е клучен за да ја врати Македонија на мапата на брзиот железнички транспорт. Србија, на пример, на големо работи на изградба на брза пруга од Белград до Ниш, а преговара и за делницата Ниш – македонска граница. Предвидено е возовите да возат со брзина од 160 километри на час.