Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

„Никогаш да не се заборавени“ – Штипјани одбележаа 82 години од депортацијата на 535 нивни сограѓани Евреи во Треблинка

Со поворка на живите, Штип им одаде почит на своите сограѓани Евреи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со поворка на живите, Штип им одаде почит на своите сограѓани Евреи, кои пред 82години беа депортирани во логорот на смртта во Треблинка, Полска и безмилосно убиени. И по толку години, од кобната ноќ помеѓу 10 и 11март се уште се силни спомените за 535 Евреи од Штип, порача преседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви.

„Македонија и депортрираните Евреи кои се некаде 98%   од еврејската популација во тоа време секоја година се потсеќа на жртвите од Холокаустот. Јас сум му благодарен на градоначалниците на Штип, Битола, Скопје, на Владата, на сограѓаните на Штип, што никој не ги заборави своите сограѓани“, порача Пепо Леви, претеседател на Еврејската заедница во Македонија.

Ученици и граѓани со транспаренти во рацете на кои пишуваше „Никогаш да не се заборави”, „Јас се сеќавам” упатија јасна порака дека овој ден треба да биде поука, за како во иднина да изградиме подобро општество кое ќе биде еднакво за сите.

Реклама

„Го одбележуваме датумот којшто никогаш не треба да се заборави, но и да ни биде поука за во иднина да имаме повеќе толеранција, соживот и да градиме едно заедничко општество без разлика на етничка, верска или било која припадност за сите“, изјави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Комеморацијата започна со седница, а буќети свежо цвеќе беа положени пред Споменикот на депортираните Евреи. На 11март 1943 година ,7144 Евреи од Штип, Битола и Скопје, беа  однесени во Треблинка.