Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Никодиновска-Крстевска: Членството на УГД-Штип во Европската универзитетска алијанса носи плодна студентска размена и туристички развој и промоција

Вмрежувањето на универзитетите во рамки на Европската универзитетска алијанса носи конкретни придобивки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вмрежувањето на универзитетите во рамки на Европската универзитетска алијанса носи конкретни придобивки за студентите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“. Досега околу четириесет студенти учествувале на едукативни школи во повеќе европски земји, а на ниво на алијансата се реализирани или се во подготовка 120 работилници и академски активности. Според проректорката Ана Никодиновска-Крстевска, преку летни и зимски школи, кратки курсеви и волонтерски активности, Штип станува место за размена на знаења, искуства и идеи.

„Можности се отвораат и кај нас, затоа што не само што ќе испратиме студенти, туку студенти од странски универзитети ќе имаат можност да дојдат кај нас. Организираме едукативни настани, кратки курсеви, летни, зимски школи, волонтерски активности, така што ќе имаме можност да дојдат студенти од сите универзитети, заедно да мапираме и трасираме нов туристички развој, нови интересни содржини на градот Штип“, изјави Ана Никодиновска-Крстевска, проректор за меѓународна соработка, УГД-Штип.

Штипскиот Универзитет е дел од Европската универзитетска алијанса, во која се обединети девет универзитети. Нејзина главна цел е да овозможи студентите да се стекнат со дипломи што ќе бидат признати низ цела Европа.

Реклама

„Практично, преку овој единствен европски ентитет, ќе направиме заеднички мастер програми, постдипломски студии, докторски студии и понатаму во иднина, на долгорочен план, и заеднички додипломски студии“, изјави проф. Ана Никодиновска-Крстевска, проректор за меѓународна соработка при УГД-Штип.

Кон крајот на наредниот месец, во Штип се очекува да пристигнат ректорите на осумте европски универзитети – членки на Алијансата, каде ќе се дефинира нејзината нова стратегија. Предвидени се и низа активности преку кои студентите на гостите од Европа ќе им ја презентираат македонската култура и идентитет.