Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Невреме зафати делови од Македонија: Пороен дожд, грмежи и град

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа појава на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа појава на град попладнево зафати повеќе делови од земјава. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) има интензивни врнежи западно од Скопје, кон Тетово и Гостивар, во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани, како и во Кривопаланечкиот регион.Од УХМР, поопладнево соопштија дека се забележуваат области со интензивни врнежи западно од Скопје, кон Тетово и Гостивар, што укажува на присуство на активна конвективна облачност со силен дожд, а можеби и град. Радарската слика, велат, покажува активна атмосферска ситуација над западниот и централниот дел на Македонија, со присуство на силни врнежи, грмежи и наместа можна појава на град.

Од УХМР информираат дека нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа појава на град има и во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани, како и во Кривопаланечкиот регион. Прилепскиот и Тополчанскиот регион, исто така, е зафатен од силна нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи засилен ветер и појава на град.

-Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер,грмежи и наместа појава на град имаме во  регионот на Македонски Брод и Кичево,  југозападно од Тополчани и во Кривопаланечкиот регион. Прилепскиот и Тополчанскиот регион зафатен од силна нестабилност проследена со пороен дожд , грмежи засилен ветер и појава на град. Нестабилност имаме и во Скопската Котлина како и на североистокот на Македонија, соопштуваат од УХМР.