Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Прилози

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Избори ќе има, ама редовни. Собранискиот спикер Гаши е убеден дека оваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Избори ќе има, ама редовни. Собранискиот спикер Гаши е убеден дека оваа влада и сегашниот собраниски состав ќе го истераат мандатот до крај, односно до 2028 година. Овој негов став тој го темели на неговата политичка интуиција, но и на политичките изјави што деновиве се пласираат во јавноста.

„Според мене, предвремени избори не треба да има и убеден сум дека нема да има“, изјави Гаши.

Темата за предвремени избори виси во воздух цело лето, откако премиерот Мицкоски ѝ фрли ракавица на опозицијата дека тој е подготвен да се соочи со народот доколку тоа го побараат СДСМ и ДУИ. Партијата на Ахмети веднаш го прифати предизвикот, додека првиот социјалдемократ Филипче експресно ја одби, со чудното образложение дека не сакал да биде алиби на власта.

Реклама

Кога и да бидат изборите, се очекува за нив да важат видоизменети правила, иако Изборниот законик е сè уште заглавен во работната група. Токму ова прашање било покренато од страна на Левица на редовната пратеничка координација во кабинетот на спикерот. Тој оцени дека треба да се разговара и дека, доколку постои подготвеност, работната група и координаторите на пратеничките групи треба да ги продолжат разговорите. Како што е познато, главниот проблем е во однос на гласањето на дијаспората и начинот на заокружување на гласачкото ливче.

Премиерот Мицкоски вели дека неговиот став е јасен – прво нека се договорат СДСМ, Левица и ДУИ, како обединета опозиција.

„Јас очекувам заеднички став, така и ја завршивме од здружената опозиција Левица, СДСМ и ДУИ. Кога ќе имаат заеднички став како опозиција, ние сме подготвени да најдеме заедничко решение“, изјави Христијан Мицкоски – претседател на Владата

Кај СДСМ, пак, нема никакво поместување во однос на изборите и Изборниот законик. Тие бегаат од избори и го повторуваат старо-новото обвинување дека, според нив, на гласање ќе се излезе откако на власта ќе ѝ снемало пари. Ист став имаат и околу Изборниот законик.

„Избори ќе има кога ќе снема пари во буџетот, да ги трошат на вакви криминални проекти. Очигледно е дека има, сè уште пари, има проекции. Во однос на изборниот закон, нашите позиции се кристално јасни. Да остане досегашниот начин на обележување на гласачкото ливче само со заокружување на бројот“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филиплче.

Во однос на работата на Собранието, на дневен ред остануваат и други прашања, како што е најавената блокада на ДУИ на сите закони за кои е потребно Бадентерово мнозинство. И покрај превирањата и партиските препукувања, собраниското раководство уверува дека институциите остануваат фокусирани на редовната агенда и законите кои се во интерес на граѓаните, додека прашањето за избори останува вон актуелната политичка агенда.