Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Неделава во Белград настапи на македонски врвни музички изведувачи

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, неделава ќе биде домаќин на врвни македонски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, неделава ќе биде домаќин на врвни македонски музички изведувачи, кои со светски позната музичка програма, но и со програма од македонски композитори, ќе се претстават пред белградската публика.

Културниот Центар на Белград, една од најпознатите културни институции во главниот град на Србија денеска во соработка со македонскиот КИЦ, ќе организира концерт на две македонски познати пијанистки, Ана Гацева и Татјана Џорлева. Концертот за четирирачно пијано на кој ќе се претстават професорките Гацева и Џорлева содржи програма од Ерик Сати, Едвард Григ, Антонин Дворжак и нашиот македонски композитор Дамјан Темков.

В среда во просториите на КИЦ Белград ќе се претстави реномираниот дувачки квинтет КОНСОНАНС со: Маја Чанаќевиќ (англиски рог); Јана Каевска (флејта); Здравко Ангелов (кларинет) и Сашко Темелковски (бас кларинет). На програмата ќе бидат изведувани дела од Чајковски, Барток и Стравински, но и дела од тројца македонски композитори, Цанев, Чедомирски и Илиевски.

Реклама

„Оваа недела е вистински празник за македонската музичка репродуктивна уметност, бидејќи пред некој ден, на 6 ноември, во Народниот Музеј на Србија во Белград, бевме поддршка на младиот виртуоз на гитара, 14-годишниот Коста Давчевски, со кого КИЦ Белград планира во Програмата за 2026 година, да организира неколку концерти и да го претстави и на македонската и на српската публика, а веќе, деновиве пред нас, ни доаѓаат вистински докажани музички изведувачи, за кои сме убедени дека на највисоко можно репрезентативно ниво ќе ја претстават македонската музичка репродуктивна уметност пред белградската публика“, наведуваат од македонскиот КИЦ во Белград.