Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Не е само да се носат мерки – Хрватска и Словенија со дузина мерки тонат во криза и имаат недостаток на гориво

Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина… Една по една, се редат земјите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина… Една по една, се редат земјите од регионот кои се загубија во низата мерки кои, наместо решение, донесоа уште поголем хаос со горивата. За разлика од кај нив, во Македонија состојбата е поинаква, нема ограничувања, а цената на нафтата се намалува. И сето ова во услови кога нема никакви рестрикции. Премиерот Мицкоски уверува дека состојбата е стабилна и покрај предизвиците.

„Нафтоводот е во стабилна состојба, цевката е полна, складиштата се полни, државните резерви се полни за следните 60 дена и апсолутно нема потреба од никакви мерки на ограничувања. Информиран сум дека и дел од аеродромите во околината се снабдуваат со керозин од кај нас. Предизвици има и ќе ги решаваме, но она што е најважно е како држава имаме најниска цена на горивата за граѓаните и за бизнисот“, изјави премиерот Мицкоски.

Според премиерот, нема потреба ниту од ограничување на количината на горивото кое го точат странските државјани во пограничните региони:

Реклама

„Имаме апсолутно доволно количини за граѓаните, зголемен е конзумот во одредени погранични области – со Албанија, со Косово, Србија и со Грција – зголемен е вкупниот конзум за 10%, затоа што голем дел од тие граѓани доаѓаат кај нас и полнат горива, затоа што имаме и до 50 центи поевтини горива“, изјави премиерот Мицкоски.

Ваквата состојба кај нас е резултат само на два потега: намалување на ДДВ од 18 на 10% и попустот кој го дава Окта. Инаку, во Хрватска веќе е актуелен десеттиот пакет мерки, при што владата одлучи да ја задржи регулацијата на цените со максимално дозволени количини од претходно. Словенија, пак, го ограничи точењето на горивата на странски државјани. Во Србија забраната за извоз на нафта се продолжи до 2 април. Во Босна и Херцеговина, пак, има хаос и неконтролирано зголемување на цените на бензинските станици.