Летаа покриви, паднаа дрвја, силниот ветер остави последици во Скопје. Локалните власти веднаш излегоа на терен и ситуацијата ден подоцна е далеку подобра, без поголеми последици за скопјани. Најголема штета можеби имаше во Ѓорче Петров, каде ветрот однесе кровна конструкција од зграда. Градоначалникот Александар Стојковски, вели општинската веднаш реагирала со цел справување со овој проблем. Вели од улиците отранети биле и дрвјата кој паднале, а во текот на наредните денови целосно ќе се заврши со оваа работа. Вели во моментов активно се работи на чистење училишните дворови, бидејќи започнува учебнатата година.
-Падна еден кров и тоа не беше мал, можеби 25 метри некаде, кров од постара зграда. Меѓутоа брзо реагиравме, веднаш излеговме на терен, ангажирана беше градежна механизација, целата екипа на комуналниот пункт од општината беше ангажирана, така да вечерта мислам дека некаде околу 21:30 дека беше расчистена ситуациајта, улицата беше повторно ставена во употреба, за среќа немаме човечки жртви, изјави Стојковски.
Полни раце работа имаше и општина Аеродром. Градоначалникот Дејан Митески вели дека општинските екипи уште вчера биле на терен, а со работа се продолжува и во текот на денешниот ден.

-Веднаш после невремето општина Аеродром ги мобилизираше своите екипи, кои што излегоа на терен, за жал имавме паднати повеќе од 10тина дрвја на повеќе локации низ Аеродром. Приоритетно делувавме онаму каде што беше попречен сообраќајот, беа отстранети паднатите дрвја од сообраќајниците, за да се овомозможи нормално функционирање на сообраќајот, а веќе во текот на утрешниот ден од рано изутрина почнуваме да ги отстрануваме сите останати паднати дрвја, изјави Митески.
Неколку паднати дрвја, како и покрив од една куќа имаше и во општина Гази Баба. Градоначалникот Бобан Стефковски вели дека службите успешно ја завршиле својата работа, дополнителен проблем за нив било и што пред силниот ветер на територијата на оваа оштина имало и пожар, поради што бил свикан и кризниот штаб.
-Претходно имавме и еден пожар на потегот меѓу Црешево и Брњарци. Благодарение на македонската интервентна бригада, односно специјализираните возила кои што се на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за одбрана, тука се вклучи и противпожарната станица на градот Скопје и морам да кажам благодарание на жителите на овие места кои што успеаја во краток период да го локализираат огнот, со цел да не зафати дел од куќите во овие населени места, изјави Стефковски.
Паднати бандери имаше и во Драчево. Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓоргиевски беше на терен со службите. Вели навремено било реагирани и проблемите биле санирани.
-Овде во Драчево на една позиција имаме состојба каде што има неколку паднати бандери, операторски бандери, кои што веќе се менуваат во моментов. На неколку позиции во Кисела Вода имаше и паднати дрвја, но благодарение на општинските служби, веднаш и излезено на терен и тие недостатоци се санирани. Дополнително нашето општинско возило е ставено во служба на противпожарната бригада, за доколку има потреба да може да делува на терен, порача Ѓоргиевски.
Градоначалниците на дел од скопските општини се жалат дека не добиле никаква помош од градската администрација, иако побарале. Потенцираат дека најголемиот број од паднатите дрвја биле маркирани за сечење, но јавното претрпијатие Паркови и зеленило, не ја завршило својата работа.
Паднатите дрвја сведочат за силниот ветер кој што вчера го погоди Скопје, а од чија последица паднаа поголем број на дрвја, а можевме да видиме и сцени каде што летаа и кровни конструкции, дел од скопските градоначалници, односно градоначалниците на скопските општини се дел од делокругот на работа на градот Скопје, сепак од градската администрација не добиле никаква помош.
Изразуваат задоволство поради успешната соработка со државните институции.
-За жал иако се обидов да добијам контакт и да искомуницирам со јавното претпријатие Паркови и зеленило, не успеав да добијам поддршка од нив, иако првично станува збор за нивна примарна надлежност. Најголем дел од паднатите дрвја, беа дрвја маркирани за сечење од нивна страна, за кои што има донесено решение, меѓутоа не се отстранети како опасни дрвја, изјави Митески.
-За жал ниту бевме контактирани, ниту некој излезе со опрема, механизација или човечки ресурси од јавните претпријатија од градот Скопје, да ни излезе во пресрет, да ни помогне, не нас, туку на граѓаните за да можат функционираат без проблеми, изјави Стефковски.
-Комунална хигиена, Паркови и зеленило и Улици и патишта еве да ги споменам, кои што можеа да излезат во пресрет, не излегоа, јас еве веќе четврта година сум градоначалник, кризниот штаб се свика еднаш кога имаше невреме, некаде на почетокот на нашите мандати, изјави Стојковски.
Скопските општини и во текот на денешниот активно продолжуваат со работа со цел санација на штетите направени од силниот ветер кој го погоди главниот град.
Матеја Петровски
