Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

📷 Направена е времена интервентна санација на оштетениот коловоз на клучките кај Белви и кај Хиподром

Јавното претпријатие за државни патишта изминатиов период се посвети на клучките околу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното претпријатие за државни патишта изминатиов период се посвети на клучките околу главниот град каде што имаше големи оштетувања. Па така, преку ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, т.е. Македонија пат, извршивме санација на оштетениот коловоз на клучката кај Белви и клучка Хиподром.

Имено, изминатиов период поради прекумерното оштетување на коловозт беше всушност извршена времена интервентна санација од причини што поради големите оштетувања беше доведена во ризик безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Со нивното санирање ја вративме безбедноста во сообраќајот. Големите ударни дупки повеќе не се опасност и оваа извршена санација ни дава простор и време да се посветиме на проектот за рехабилитација на клучката за кој е веќе даден налог за изработка, проект кој ќе биде за трајна рехабилитација и санација на целата заобиколница на Скопје вклучително и исклучувањата/вклучувањата на неа.

Реклама

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски утрово заедно со градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и во присуство на заменик директорот на ЈП Македонија пат Александар Шуковски и раководителот на одделот за поддршка на директорот Љуљзим Шаќири извршија проверка над сработеното во изминатиов период кога се санираа оштетувањата.

„Санирањето е по наш налог (на ЈПДП), а го изведе ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, т.е. Македонија пат. Извршена е санација на најоштетените делови на клучката Белви и на клучката Хиподром. На клучката Белви санирани се: кракот за исклучок од Скопје кон Илинден и кракот од Белви кон Скопје. На клучката на Хиподром, пак, санирани се делот од коловозот на клучката, кракот за приклучок кон обиколницата од страна на Миладиновци и кракот за исклучок од обиколница кон Куманово. Вкупно се санирани 21.000 м2 и вградени се 4.500 тони асфалт. Вредност на работите е 57 милиони денари обезбедени во програмата на ЈПДП. Им благодарам за констуктивната соработка на Општина Илинден како и на ЈП Македонија пат за завршената санација. Продолжуваме и понатаму со времена интервентна санација онаму каде што има потреба од тоа“- изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

Фотографиите може да ги погледнете на следниот линк: