Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Ѓуриште

Утрово е најстудено во Крушево, четири степени, а во изминатите 24 часа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утрово е најстудено во Крушево, четири степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште, 19 литри на метар квадратен.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 6 степени во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија и 10 степени во Струмица.

До 8 часот наврнале и 17 литри дожд на единица површина во Крушево и Битола, 14 во Штип, 13 во Скопје – Петровец и Тетово, 8 во Демир Капија и Крива Паланка, 7 во Берово, и Претор, 5 во Виница, како и 3 во Струмица.

Реклама

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.  Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.