Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Најмногу дожд во Демир Капија и Маврови Анови

Најмногу дожд во изминатите 9 часа, заклучно со 16 часот попладнево наврна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмногу дожд во изминатите 9 часа, заклучно со 16 часот попладнево наврна во Демир Капија и Маврови Анови – 16 литри на метар квадратен,  по што следуваат Битола, 15, Гевгелија, 9, Пожаране,8,  Кавадарци,7,  Скопје – Зајчев Рид, Велес и Прилеп, 5, Лазарополе, Претор, Тополчани, 5, Ѓуриште,3,  Тетово,2,  Штип, Струмица, Охрид и Берово по 1 литар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Кон крајот на денот и во текот на ноќта времето ќе биде магловито со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

УХМР најави дека утре ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 литри на метар квадратен за 24 часа). Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.

Реклама

Во Скопје, облачно со врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.  До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла.