Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Свет

Најмалку 47 лица убиени во напад на вооружени банди на Хаити

Најмалку 47 лица загинаа во ноќен напад на вооружени банди врз населбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 47 лица загинаа во ноќен напад на вооружени банди врз населбата Кенскоф, во ридовите над главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, соопшти градоначалникот Жан Масилон.

Хаитската организација за човекови права (RNDDH) процени дека во нападот што почнал околу 22:30 часот по локално време, загинале повеќе од 40 лица, а повеќе од 20 биле ранети. Организацијата предупреди дека е тешко да се утврди конечниот број жртви.

„Власта на државата ќе биде повторно воспоставена, без слабост и без одложување“, објави Кабинетот на премиерот на социјалните мрежи.

Реклама

Според проценките на ОН, во нападите во Кенскоф во период од повеќе од два месеца на почетокот на 2025 година загинале повеќе од 260 лица, додека 200 куќи биле уништени или запалени, поради што околу три илјади луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.

Оттогаш биле извршени уште десетина напади, вклучително и силувања, киднапирања, подметнувања пожари и кражби на добиток.

Од Кенскоф се гледаат сообраќајните правци што водат кон Петиoн-Вил каде што се наоѓаат бројни амбасади, луксузни хотели и привременото седиште на Владата, како и главниот пат што од главниот град води кон југот на Хаити.

Насилството би можело дополнително да ја зголеми загриженоста во однос на способноста на државата во декември да организира избори, први по десет години. Последователните влади повеќепати ги одложуваа изборите додека вооружените банди го прошируваа своето влијание.

Кенскоф, населба сместена на падините над сообраќајните правци кон главниот град, од минатата година беше цел на серија напади на вооружени банди.

Моќни вооружени банди, обединети во поширок сојуз, со години го зацврстуваат своето влијание врз главниот град на Хаити и се шират кон околните региони, и покрај напорите на странски земји да ја зајакнат бројчено и со оружје послабата хаитска полиција.