Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Прилози

Надлежните се подготвуваат поефикасно да одговорат на шумските пожари

Со превентивни мерки надлежните се подготвуваат да одговорат на пожарите што би…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со превентивни мерки надлежните се подготвуваат да одговорат на пожарите што би можеле да ја зафатат државата. На терен веќе се преземаат чекори за да не се повтори ланското сценарио, кога огнената стихија пеплоса илјадници хектари шума.  Вработени во Национални шуми, почнаа да ја  чистат шумската инфраструктура, а со механизација се прават обрачи, посебно околу зелените појаси кои би можеле да бидат лесна мета на пироманите. Правењето на заштитни обрачи, лани се покажа како добра пракса, кога од целосно опожарување спасија неколку села лоцирани во подножјето на планината Серта.

„Во моментот активно работиме на прочистување на патиштата коишто ги имаме, на шумската патна инфраструктура, отварање на нови патишта и средување на веќе постоечките. Тоа значи правење на заштитни обрачи за заштита од евентуални пожари„ изјави Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП„ Национални шуми„.

Во меѓувреме,  владини работни групи се фокусираат на изготвување на Национална стратегија за заштита од пожари. Претходно направената анализа укажува дека ниту една институција во државата соодветно не е подготвена да се бори со пламените јазици, објаснува Михилов.

Реклама

  „Стратегијата вклучува набавка на она што никаде го нема. Значи ниту една институција не е подготвена за заштита од пожарите, вклучително почнувам од нас и сите други останати. Секаде се со дотраени возила, секаде се со опрема која малтене е неисправна и она што го кажав на почетокот, ги начекавме нашите вработени да гасат пожари буквално на влечки, во вистинска смисла на зборот. Ги начекавме со неподмирено здравство беа луѓето„ изјави Кире Михаилов, заменик директор на ЈП„Национални шуми„

Според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари, програма Коперник , лани во Македонија изгорела над 94.000хектари, што е речиси колку претходните десет години заедно. Како една од потешките години се посочува и 2019 година, кога изгореле 29.807 хектари.