Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Надлежните ја засилуваат контролата и превенцијата по пожарите

Полицијата ги зголемува контролите за обезбедување на критичните точки каде постојано се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата ги зголемува контролите за обезбедување на критичните точки каде постојано се подметнуваат пожари. Капацитетите ќе се засилат и со други државни институции меѓу кои и Агенцијата за национална безбедност. Министерот за внатрешни работи, апелираше сите надлежни институции да ги зајакнат превентивните мерки за заштита од подметнување пожари. Според Панче Тошковски, како дел од оперативната акција на МВР, полицијата ќе ја има на сите локации каде секојдневно одново се палат веќе локализирани пожари и се загадува воздухот.

  • „Тоа значи дека ќе бидат вклучени не само капацитетите на МВР, туку и капацитетите на АНБ, максимално интензивирани набљудувачките системи кои што кои ги има МВР, не само СВР Скопје туку и останатите ораганизациони единици, како и гранична полиција и останатите единици како за “организиран криминал“. Фокусирани сме на набљудување на овој проблем, да речам, на преземање на конкретни мерки како на она што се случи така и на превентивни дејствија во однос на сите  останати ризични точки кои ги имаме, за жал не би можел да говорам во детали, но она што треба да го правиме – го правиме“ рече Тошковски.

Истрагата за пожарот во Трубарево ќе ги опфати сите сопственички стуктури и инволвирани за палењето, рече Тошковски. Ќе се проверува и дали законски била дадена дозволата со која функционирал отпадот а и дали работел според сите стандарди меѓу кои и поседување противпожарен систем.

  • „Истрагата ќе оди најдлабоко колку што може да оди, уште од самиот почеток за работа на предметното правно лице, на оние кои им е одреден краткотраен притвор се поврзани со сопственичка и управувачка во рамки на компанијата. Сето ова што го напоменавте ќе биде нужно да се истражи и да се расветлат сите овие прашања. Јас би одел чекор понатаму, би ги повикал сите надлежни особено Министерството за животна средина и сите институции за еколошка заштита, максимално да се вклучат во преземање на сите чекори согласно закон“ одговори министерот Тошковски.

Скопскиот кривичен суд поради Загрозување на животната средина и природата со отпад прати во краткотраен притвор од 48 часа, четворица кои се поврзуваат со сопственичката структура на отпадот и фимите кои го управувале. Истражните органи испитуваат потенцијална одговорност и на други инволвирани.