Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

📷 Над 120 припадници на АРМ вклучени во гаснењето на пожарите во повеќе општини

Над 120 армиски припадници продолжуваат активно да бидат вклучени во гаснење на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 120 армиски припадници продолжуваат активно да бидат вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата.

Со несмален интензитет уште од раните утрински часови се гаси во реонот на општините Македонски Брод, Радовиш, Берово и Желино.

– Уште од раните утрински часови припадници од Првата пешадиска бригада, во непосредна координација со ЦУК и другите вклучени субјекти, дејствуваат во гаснење на пожарите од земја. Припадници на Вториот пешадиски баталјон се ангажирани во гаснење на пожарите во Општините Радовиш и Берово, а од Првиот пешадиски баталјон се ангажирани во реонот на селото Локвица во Македонски Брод. Припадници од составот на Логистичка база беа ангажирани за гаснење на пожарот во Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин, информира АРМ.

Реклама

Армијата останува максимално посветена во поддршка на граѓаните и институциите секогаш кога е потребно.