Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Началникот на Генералштабот на Армијата во официјална посета на Вооружените сили на Република Турција

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој се наоѓа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој се наоѓа во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Турција, денеска во Анкара се сретна со својот домаќин, началникот на Генералштабот на ВС на Република Турција, генерал Метин Ѓурак и министерот за одбрана Јашар Ѓулер.

Посетата, која се реализира на покана на началникот на Генералштабот на турските Вооружени сили, генерал Метин Ѓурак, има за цел унапредување на соработката меѓу двете сојузнички и пријателски земји во областа на одбраната и безбедноста.

На официјалната средба меѓу генерал-мајор Лафчиски и генерал Ѓурак се разговараше за тековната билатерална воена соработка, можностите за идни заеднички обуки и воени вежби со единици на ВС на Турција, со цел продлабочување на оперативната интероперабилност, размена на искуства и тактики, како и подготовка за учество во мултинационални операции.

Реклама

Во текот на средбата со министерот Ѓулер беше изразена благодарност за континуираната поддршка од страна на Турција, која како наш стратешки партнер дава значаен придонес во процесот на опремување и модернизација на Армијата.

Во оваа прилика генералот Лафчиски се заблагодари и за несебичната помош од страна на Република Турција, која веднаш ги понуди своите специјализирани капацитети за лицата на кои итно им беше потребен висококвалитетен медицински третман по пожарот кој се случи во Кочани.

Во рамки на посетата, генералот Лафчиски положи венец на мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк – основоположник на модерна Турција.

Армиската делегација ја посети Командата за специјални сили во Голбаши, како и дел од военоиндустриските капацитети.

Официјалната посета, која се реализира во духот на сојузништвото, пријателството и стратешкото партнерство меѓу двете земји, придонесува за понатамошно зајакнување на безбедносната соработка во интерес на регионалната и меѓународната стабилност.