Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

На јавниот повик за ангажирање лица за справување со пожарите пријавени помалку од 500 кандидати, во Скопје околу 50

Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот повик со кој се бараше да се пријават лица кои ќе учествуваат во превенција, а дел од нив и во справувањето со пожарите, истекува денеска. Пријавените ќе бидат контактирани по што ќе треба да поминат дводневна обука во рамки на која ќе биде направена селекција.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска на прес-конференција информираше дека се пријавени помалку од 500 кандидати, а во Скопје околу 50, иако, како што рече, очекувале бројка од 80 лица.

– Во овој момент имаме нешто помалку од 500 пријавени кандидати на територија на државата. Нам ни беа потребни 400. За жал, бројката во Скопје е нешто помала, под 50, а очекувавме 80 лица, рече Ангелов.

Реклама

Овие лица во следните два до три дена ќе бидат повикани во локалните територијални противпожарни единици и ќе започнат со најмалку дводневна обука во чие времетраење ќе се изврши селекција.

– Најдобрите од овие лица понатаму ќе имаат можност да бидат вработени во локалните територијални противпожарни единици или во Дирекцијата за заштита и спасување, а најдобрите во текот на наредниот период во Единицата за рамки на ДЗС, рече Ангелов.

Во Специјалната единица која ќе биде формирана, платите на вработените ќе бидат повисоки во однос на платите на пожарникарите, но овие лица ќе бидат ангажирани на тешко пристапни терени.

– Зборуваме за едница во која сите припадници би биле помлади и физички подготвени на едно сосема друго ниво за да можат да одговорат на најтешки и најсложени задачи, рече Ангелов на прес-конференцијата на која беа дадени најнови информации околу состојбата со пожарите во земјава.