Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

 На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен дел од тимот на македонскиот филм „Мајка“

Интернационалниот фестивал  на филмската камера „Браќа Манаки“ денеска во Битола претстави дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интернационалниот фестивал  на филмската камера „Браќа Манаки“ денеска во Битола претстави дел од тимот на македонскиот филм „Мајка“ кој синоќа го отвори најновото издание на фестивалот на кинематограферите.

Филмот е баран насекаде и тоа е големо задоволство за тимот, истакна Лабина Митевска, која настапи во филмот „Мајка“.

-Фантастично е чувството да се има филм што толку многу и секојдневно го бараат за емитување. Навистина мене ми е задоволство и чест што тоа го постигнавме. Филмот е снимен со буџет од 4 милиони евра, а имавме 20 денови за снимање во Белгија и 12 денови во Калкута, Индија. Истовремено имавме филмска ѕвезда како што е Наоми Рапасе. Тоа што требаше да се сработи за нас беше како еден сон, а истовремено и кошмар за да се профункционира, но гледано од денешен аспект, успеавме, истакна Митевска.

Реклама

Како што е познато, филмот „Мајка“ сведочи за периодот од 1948 година кога во Калкута, Мајка Тереза, настојничка на Манастирот на сестрите од Лорето, со нетрпение го чека писмото ѓто конечно ќе и овозможи да го напушти манастирот и да оформи нов ред како одговор на повикот што го добила од Бога.

-Сакав со моите технички инструменти, да ги преточам во слика сите барања на режисерката. Снимавме со голема ѕвезда, актерката  Наоми Рапасе, а паралелно имав големи барања од режисерката, но знам дека успеавме бидејќи се што работевме пишував во мојот бележник. Има режисери кои работат конвенционално без да го користат својот потенцијал, но во овој случај тоа не беше така и јас имав можност да го презентирам целото мое искуство, да ги доловам сите чувства врзани со мајка Тереза и се прикажавме со техничките средства што ни беа на располагање, истакна кинематограферката Виржини Сен Мартан.

Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска е македонско-белгиска-шведска, индијска-данска копродукција и конкурира за главните фестивалски награди на ИФФК „Браќа Манаки“.