Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

На граничните премини Табановце и Богородица утринава времето на чекање е околу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На граничните премини Табановце и Богородица утринава времето на чекање е околу 30 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На државните патишта сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ информира дека од денеска до 16 септември 2025 година, на делницата Градско – клучка Дреново, која е дел од Експресниот пат А1 и Коридорот 10д, ќе важи времен изменет режим на сообраќај поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“. Сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Реклама

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.