Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Економија

На експресниот пат Штип-Радовиш утре изменет режим на сообраќај од 5 до 9 часот

Изменет режим на сообраќај ќе има утре на експресниот пат Штип – Радовиш, на делницата од клучката Софилари до клучка Долани. Министерството за внатрешни работи информира дека измените ќе бидат само утре и тоа во периодот од 5 до 9 часот, поради изведување на технички активности. -Во наведениот период, полициските службеници од ПС за Безбедност […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изменет режим на сообраќај ќе има утре на експресниот пат Штип – Радовиш, на делницата од клучката Софилари до клучка Долани.

Министерството за внатрешни работи информира дека измените ќе бидат само утре и тоа во периодот од 5 до 9 часот, поради изведување на технички активности.

-Во наведениот период, полициските службеници од ПС за Безбедност на Патниот Сообраќај-Штип ќе го пренасочуваат сообраќајот по регионалниот пат Штип – Радовиш, посочуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и да се придржуваат кон сообраќајните правила, прописи и поставената сообраќајна сигнализација, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.