Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

🎥 На Арсовска како да и годи вниманието од Бугарија: Се уште не демантира дека нападот врз неа нема врска со нив

Ниту потврда ниту демант од Град Скопје, дека нападот врз градоначалничката  Данела…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту потврда ниту демант од Град Скопје, дека нападот врз градоначалничката  Данела Арсовска бил поради нејзиното наводно бугарско државјанство како што тврдат бугарските политичари. Иако Бугарите веќе неколку дена лиферуваат информации дека физичката пресметка била поради тоа што Арсовска имала бугарска самосвест таа упорно молчи и не излегува во јавноста да демантира. Овој молк Софија го користи за да лажно покаже дека во Македонија постои говор на омраза кон Бугарите, кој ете, завршува и со физички напади. Имајќи го предвид искуството во минатото случајот може да се појави во некој иден извештај за Македонија, како тие со Пендиков и Ѓеоргиевски. Додека Арсовка молчи, Бугарите земаат сила, па така се огласи и претседателот на Комисија за европски прашања во Собрание на Бугарија, Димитар Грдев.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со бугарски пасош, беше брутално претепана, беше во болница. Со закани за силување, за убиство за нејзиното семејство, само затоа што е Бугарка. Како да реагираме? Оваа агресија, ги прмеина сите граници, порача Димитар Грдев.

Неговата реакција следи, откако контроверзнот европратник Андреј Ковачев, веднаш по нападот обвини дека Арсовска беше нападната бидејќи била бугарска државјанка и дека веднаш требало да ѝ се обезбеди правна, конзуларна и морална заштита.

Реклама

Ова е уште еден случај на насилство, вознемирување и јавен линч врз бугарски државјани кои имаат високи јавни функции и бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се изјасниле како Бугари, порача Ковачев.

И покрај ваквиот притисок од Бугарија, Арсовска во ретките јавни настапи надвор од нејзиниот фејсбук профил, не одговара директно ниту за тоа дали поседува бугарски пасош.

Јас од раѓање имам чешки пасош, мајка ми е Чехиња, имам македонски и чешки пасош, немам бугарско државјанство ама еве и да имав, не треба да ме заштитат, порача Арсовска.

Инаку, и пред да стане градоначалничка, за Арсовска имаше обвинувања дека поседува бугарско државјнаство, но таа негираше. Инаку, градоначалничката беше физички нападната пред 4 дена додека објавуваше нов случај со дивоградба на Бит Пазар.