Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

МЗШВ: Ако имало толкав буџет како што тврди СДСМ, зошто претходниот министер остави неисплатени обврски кон земјоделците?

СДСМ денеска преку прес-конференција се пофали со енормен буџет во 2023 година,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ денеска преку прес-конференција се пофали со енормен буџет во 2023 година, но ја потсетуваме дека нејзината Влада остави неисплатени субвенции кон огромен број земјоделци, реагира попладнево Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Според МЗШВ, не е укинат лимитот за директни плаќања и ова е уште еден доказ дека СДСМ шпекулира со неточни информации.

-Зошто молчат дека финансиската поддршка за земјоделците за 2024 година, проектирана од нивна страна, изнесуваше само 5,9 милијарди денари? Восептември 2024 година со ребалансот на Буџетот се обезбедија дополнителни две милијарди денари токму за исплаќање на заостанатите обврски за 2023/2022 година. На крајот на 2024 година повторно се обезбедија дополнителни 1,4 милијарди денари со што финансиската поддршка за 2024 година изнесуваше околу 8,4 милијарди денари што е највисока во изминатите неколку години, благодарение на сегашната Влада, потсетува МЗШВ.

Реклама

Напоменува и дека средствата за земјоделците не се скратени.

-Изминатиот период оваа Влада докажа дека се грижи за земјоделците. Досега се исплатени близу 10 милијарди денари за заостанати и тековни обврски кон земјоделците. Преку соопштенија и прес конференции СДСМ пласира и невистини дека се намалуваат средствата за Програмата за рурален развој. Со ребалансот на Буџетот ќе се обезбедат 480 милиони денари за Програмата за рурален развој. Разликата е евидентна, денес земјоделството се движи во вистинска насока, наведува МЗШВ.