Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

МЗ: Медицински симулациски центар – со обучен кадар создаваме капацитети според европски критериуми, знаењето го претвораме во искуство

Со функционирањето на Медицинскиот симулациски центар во кој се обучуваат специјализанти, студенти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со функционирањето на Медицинскиот симулациски центар во кој се обучуваат специјализанти, студенти по медицина, тимови на брза помош, персонал од интензивна нега, гинекологија, неонатологија, се создаваат капацитети кои одговараат на највисоките европски критериуми и каде подготвеноста на кадарот произлегува од стратешки поставен модел на постојана едукација и работа, велат од Министерството за здравство.

Со нови 600 специјализанти и над 1250 вработувања низ здравствените установи во последните 45 дена, додаваат, се проектира здравството според реалните потреби на граѓаните. 

Симулаторите во МСЦ, потенцираат оттаму, се врвна технологија, на кои може да се симулираат речиси сите патолошки појави и состојби на човекот. Тоа е средина каде што знаењето се претвора во искуство, а искуството станува сигурност за секој живот што зависи од здравствениот систем.

Реклама

-Создаваме капацитети кои одговараат на највисоките европски критериуми и каде подготвеноста на кадарот произлегува од стратешки поставен модел на постојана едукација и работа. Со нови 600 специјализанти и над 1250 вработувања низ здравствените установи во последните 45 дена, го проектираме здравството според реалните потреби на граѓаните. Нашиот пристап е јасен – инвестираме во луѓето, велат од Министерството за здравство од каде потенцираат дека таа визија се претвора во практика преку успешното функционирање на Медицинскиот симулациски центар.