Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

МВР со апел: Петардите се опасни и штетни – засилуваат акциските контроли пред празниците

Петардите не се играчка, тие се штетни и опасни по човечкиот живот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петардите не се играчка, тие се штетни и опасни по човечкиот живот. Министерството за внатрешни работи во пресрет на новогодишните празници со апел до граѓаните  да не се користат пиротехнички средства – нивното користење е строго забрането. МВР прави акциски контроли и потсетува за казните за употреба на петарди и нивната нелегална продажба.

„Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено употребува пиротехнички средства. Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:

(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;

Реклама

(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор“ вели Гоце Андреевски, портпарол на МВР

Министерството за внатрешни работи со апел и до родителите да не се им купуваат пиротехника на своите деца затоа што може да има трагични последици. Ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата. Сите нарушувања на јавниот ред и мир да ги пријават во полициска станица или на телефонските броеви на полицијата.

Лани во Македонија за време на новогодишната ноќ, имаше случај кога 13-ет годишно дете тешко се повреди од пукање на петарда и остана со траен инвалидитет.

Давид Крстевски