Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

МВР: Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти од Египет и излетал од патот

Полициски службеници од Регионален центар за гранични работи – Југ лишиле од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници од Регионален центар за гранични работи – Југ лишиле од слобода 43-годишен гевгеличанец, кој со возило со бугарски регистарски ознаки превезувал шест мигранти и излетал на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, по што избегал од месотото на настанот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи настанот се случил вчера попладне, а И.Д. (43) од Гевгелија е уапсен денеска поради основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

-На 11.04.2026 во 21:20 часот, на регионалниот пат Богданци – Гевгелија, поточно на местото „Шарен мост“, патничко возило „фолксваген“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од И.Д. излетало надвор од патот. По несреќата, возачот побегнал од местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој е пронајден. На местото на несреќата биле пронајдени повредени шест лица мигранти од Египет, од кои едно со тешки телесни повреди, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а останатите пет мигранти и И.Д. се здобиле со телесни повреди – информираат од МВР.

Реклама

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.