Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

МВР: Лажни се дојавите за бомби во трговските центри Ист гејт и Дајмонд

Лажни дојдави за бомби преку електронска пошта беа испратени денеска до Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лажни дојдави за бомби преку електронска пошта беа испратени денеска до Министерството за внатрешни работи за трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје. 

По повеќе од двочасовната проверка во внатрешноста и околу објектите, МВР соопшти дека дојавите дека се поставени електронски направи се лажни. Нема информации за тоа кој ги испратил мејловите до МВР. 

– Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби – се наведува во соопштението од МВР.

Реклама

Претходно денеска вработени во трговскиот центар Ист гејт изјавија дека околу 10:30 часот добиле порака да ги напуштат своите работи места, по што трговскиот центар беше затворен за купувачите, а оние кои сакаа да влезат беа вражани од полицајците кои го обезбедуваа трговскиот центар.