Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

МВР ја забрзува процедурата за изгубени или украдени документи – веќе нема потреба од чекање

Министерството за внатрешни работи продолжува со дигитализација на своите услуги, со цел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи продолжува со дигитализација на своите услуги, со цел да им го олесни животот на граѓаните. Најновата промена се однесува на постапката за пријавување изгубени или украдени документи.

Досега, податоците за овие документи се праќаа преку мејл до „Службен весник“, каде потоа се објавуваа како неважечки. Тоа одземаше време и предизвикуваше доцнење во целиот процес. Сега, благодарение на ново веб-решение што го изработи ИТ-секторот на МВР, оваа размена на податоци ќе се прави автоматски преку Националната платформа за интероперабилност.

Тоа значи дека „Службен весник“ секојдневно ќе ги презема пријавените документи директно од системот на МВР, објавувајќи ги како неважечки веднаш. Откако документите ќе бидат објавени, МВР автоматски ги добива назад тие информации и ги внесува во својот систем. Ова им овозможува на граѓаните побрзо да поднесат барање за нов личен документ.

Реклама

Со овие промени ќе има помалку чекање, побрза постапка и поефикасна размена на информации меѓу институциите.