Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Муцунски со низа билатерални средби на маргините на Генерално собрание на Обединетите нации

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварил повеќе билатерални средби со своите колеги од Португалија, Либан, Узбекистан и Соломонските Острови, како и со генералниот секретар на ОБСЕ.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата со португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Ранжел, било изразено задоволство од одличните билатерални односи и партнерството во рамки на НАТО. Била нагласена важноста на европската интеграција и потврдена подготвеноста за продлабочување на политичкиот дијалог, трговијата и економската соработка.

Со министрите за надворешни работи на Либан и Соломонските Острови било поздравено воспоставувањето на дипломатските односи и изразена подготвеност за нивно понатамошно унапредување.

Реклама

-Во рамки на средбата со узбекистанскиот министер, Бахтијор Саидов, бил потпишан Протокол за соработка и консултации меѓу двете министерства, кој ќе претставува основа за унапредување на билатералните односи и политичката соработка, стои во соопштението на МНРиНТ.

Министерот Муцунски се сретнал и со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, при што беше потврдена успешната досегашна соработка и разговарано за нејзино понатамошно продлабочување.