Реклама

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Македонија

Муцунски од Брисел: Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на Европа, да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми

Проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати – изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија  во Брисел, со кој претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

Станува збор, потенцира шефот на дипломатијата, за тоа Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на Европа и да се создаде група држави со јасен и кредибилен пат кон членство.

Муцунски посочи дека државава постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци, нагласувајќи дека е 100 проценти усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, што, како што истакна, ја потврдува не само посветеноста на реформите, туку и јасната стратешка ориентација кон членство во Унијата.

Реклама

– Нашата порака до земјите членки е повеќеслојна. Потребно е да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми, но и да се засили ангажманот за прашања кои одат и пошироко од самиот процес на проширување, особено во областите на безбедноста и одбраната, економијата и трговијата, енергетската безбедност, безбедноста на храната и дигитализацијата –  истакна министерот Муцунски.

Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на агендата на Советот се дискутираше за односите на Европската Унија со Западен Балкан, при што разговорите беа насочени кон актуелните надворешно-политички и безбедносни прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на натамошното јакнење на соработката во областа на надворешната, безбедносната и одбранбената политика, руската агресија врз Украина, како и пошироките регионални последици од актуелните глобални случувања.

Во обраќање, министерот Муцунски ја истакна силната определба на државата да биде доверлив партнер на Европската Унија во справувањето со актуелните геополитички предизвици. Притоа, ја нагласи конзистентната усогласеност на државата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката во оваа област. Се осврна и на важноста од вклучување на регионот во иницијативите на Европската Унија насочени кон јакнење на колективниот капацитет и отпорноста на надворешни безбедносни закани.

– Посебен фокус во дискусиите беше ставен и на процесот на проширување на Европската Унија во актуелниот геополитички контекст, при што беше нагласено дека проширувањето претставува стратешка инвестиција за долгорочната стабилност и безбедност на регионот и Европа, информира МНР и НТ.