Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Муцунски на Пленарна седница во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон

На покана од конгресменот Мајкл Тарнер, министерот за надворешни работи и надворешна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На покана од конгресменот Мајкл Тарнер, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествувал и се обратил на завршната Пленарна седница во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Дејтон, по повод 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор.

Како што напиша на неговиот фејсбук профил Муцунски, настанот бил силен потсетник за значењето на дипломатијата во воспоставувањето на траен мир и стабилност на Балканот.

– Во своето обраќање ја истакнав важноста од зачувување на стабилноста во регионот, посочувајќи дека современите безбедносни закани бараат координиран пристап, засилен ангажман на меѓународната заедница и уште потесна соработка меѓу земјите од Западен Балкан. Европската и евроатлантската интеграција останува клучна алатка за постигнување долгорочен мир, развој и заштита од надворешни влијанија, објави министерот Муцунски на ФБ.

Реклама

Говорејќи за престојниот Самит на НАТО во Хаг, тој подвлекол дека одвраќањето не се постигнува со декларации, туку со инвестиции, решителност и кредибилни капацитети.

– Единството мора да биде функционално, не само декларативно. Нека Хаг биде самит на решителност – што ќе донесе капацитет, а не само соопштенија, напиша на фејсбук Муцунски.