Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Општина Центар со нова мобилна апликација за граѓаните

Општина Центар – Скопје ја пушта во употреба својата официјална мобилна апликација,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Центар – Скопје ја пушта во употреба својата официјална мобилна апликација, преку која граѓаните на едно место ќе имаат пристап до најважните информации, услуги и дигитални алатки на Општината.

Апликацијата, како што информираат од  Општина Центар, во моментов е достапна за преземање на App Store за корисниците на iOS, а во следните неколку дена ќе биде достапна и за Android корисниците преку Google Play.

Преку апликацијата граѓаните ќе можат да ги следат актуелните вести, соопштенија, настани и јавни повици, како и директно да пристапат до електронските услуги на Општина Центар.

Реклама

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека со новата апликација Општината продолжува со воведување современи решенија кои им заштедуваат време на граѓаните и им овозможуваат полесен пристап до информациите и услугите.

-Сакаме Општина Центар да биде достапна за граѓаните секогаш кога им е потребна. Наместо да пребаруваат на повеќе места или да доаѓаат во Општината за секоја информација, сега најважните услуги и информации ќе ги имаат директно на својот телефон. Со новата апликација правиме уште еден чекор кон поотворена, поефикасна и подигитална општина, во која граѓанинот е во центарот на услугите- изјави Герасимовски.

Преку апликацијата е овозможен брз пристап до ГИС Порталот, е-Урбанизам и е-Дозволи, „Мој Буџет“, како и до сите општински услуги организирани по категории, со можност за брзо пребарување.

На едно место се достапни и општинските документи, обрасци и одлуки, како и сите потребни контакт информации – адреса, телефон, електронска пошта и работно време на Општината.

Посебен дел е предвиден за директна комуникација со граѓаните, преку кој тие ќе можат да пријават проблем или да испратат предлог до Општината. Достапни се и корисни линкови за пристап до информации од јавен карактер, пријавување корупција, отворени податоци и граѓански буџет.

Апликацијата е наменета не само за жителите на Општина Центар, туку и за сите кои работат, престојуваат или секојдневно го посетуваат центарот на Скопје.

Со новата мобилна апликација, Општина Центар продолжува со дигитализацијата на услугите и со создавање модерна, отворена и достапна општина која им го олеснува секојдневието на граѓаните.