Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Домашното производство во април покри 88,8 отсто од вкупната потрошувачка, значаен чекор кон целта Македонија да стане нето-извозник на електрична енергија

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики и инвестиции што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политики и инвестиции што имаат за цел зголемување на домашното производство на електрична енергија, намалување на зависноста од увоз и обезбедување стабилен и сигурен енергетски систем за граѓаните и компаниите, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај тврдењата на опозицијата дека електричната енергија ќе поскапи за 5%, реалното зголемување изнесува 2,28%, што е меѓу најниските стапки на зголемување во Европа. Истовремено, со нови законски решенија се отвора можност за намалување на цената на електричната енергија за домаќинствата за 5 до 10%, а со преземените мерки за субвенционирање на електричната енергија, директно се заштитува стандардот на граѓаните и се спречуваат ценовни шокови за домаќинствата.

Од друга страна, долгорочната цел е Македонија да произведува повеќе домашна електрична енергија и постепено да ја намалува зависноста од увоз.

Реклама

Така, во април годинава, домашното производство покри 88,8 проценти од вкупната потрошувачка на електрична енергија во земјата, што претставува значаен чекор кон стратешката цел Македонија да стане нето-извозник на електрична енергија.

Паралелно се работи на консолидација и подобрување на работењето на ЕСМ, зголемување на акумулациите и максимално искористување на постојните производствени капацитети, а дополнително се реализираат нови стратешки инвестиции во енергетиката.

Во таа насока, потпишани се договори за реализација на фотонапонската електрана „Битола 3“ и за ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3, со вкупна вредност од 97 милиони евра. „Битола 3“ ќе придонесе кон зголемување на производството на електрична енергија од чисти извори, додека ревитализацијата на хидроелектраните ќе овозможи подобро искористување на постојните капацитети.

Воедно, започнува изградбата на најголемиот ветерен парк во земјава, со 55 ветерници, кој се очекува да произведува електрична енергија за околу 100 илјади домаќинства. Инвестицијата на „Алказар Енерџи“ е вредна околу половина милијарда долари.

Додека со потпишувањето на меморандумот со „Казанџи Груп“ се отвора можност за реализација на стратешки проект вреден до една милијарда евра. Проектот предвидува развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдувањето со гас.

Овие инвестиции значат нови можности за индустријата, поддршка на гасификацијата, нови работни места и поголема енергетска отпорност на државата, а со развојот на домашните производствени капацитети се намалува зависноста од увоз и изложеноста на надворешни ценовни и политички ризици.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради енергетски систем кој ќе биде стабилен и отпорен на кризи, флексибилен во однос на идните предизвици и усогласен со европските стандарди со крајна цел, Македонија да биде држава која произведува, извезува и има сигурен и стабилен енергетски систем, со предвидливи и пониски трошоци за граѓаните и компаниите.