Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

МОН објави два повика за ангажирање на ромски образовни медијатори – за првпат и во средно образование

Министерството за образование и наука и во новата учебна 2025-2026 година ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука и во новата учебна 2025-2026 година ќе ангажира ромски образовни медијатори, мерка со која значително се подобрува образовната поддршка за учениците Роми и е дел од заложбите за унапредување на еднаквоста и инклузивноста на националниот образовен систем.

Објавени се два јавни повика. Едниот предвидува ангажирање на 50 ромски образовни медијатори за поддршка во основното образование и овозможува континуитет на нивната активност веќе неколку години, додека другиот се објавува за првпат и предвидува ангажирање на 35 ромски образовни медијатори во средното образование, за што беше создаден правен основ со последните измени на Законот за средно образование во април годинава. Пријавувањето на сите заинтересирани e електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk и започнува утре, 1.8.2025 година, а ќе трае до 1.10.2025 година.

Министерството за образование и наука досега ги имплементираше сите образовни мерки од Акциските планови согласно Националната Стратегија за Роми 2022–2030, при што истите се правно регулирани и одржливо финансирани преку националниот буџет.

Реклама

Покрај мерката за медијатори, МОН во континуитет обезбедува и 1.200 стипендии за средношколци Роми во четири категории, 150 стипендии за редовни студенти Роми од јавните и приватните високообразовни институции и универзитети, за кои, конкурсите за учебната, односно академската 2025/2026 година се веќе објавени на www.mon.gov.mk. Воедно, воведуваме и нова јавна политика за ангажирање на тутори за ученици Роми, согласно член 36 од Законот за основното образование.

Вкупните средства обезбедени за спроведување на овие јавни политики изнесуваат 50 милиони денари, што претставува речиси 47% од вкупниот државен буџет наменет за поддршка на ромската заедница, со што министерството ја потврдува својата водечка улога во спроведувањето на инклузивни и правични образовни политики.