Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Многу топло со температури над 40 степени – препораки од Влада и МЗ до газдите за спас од пеколните горештини

Уште еден пеколен ден со високи температури е пред нас. Од УХМР…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште еден пеколен ден со високи температури е пред нас. Од УХМР прогнозираат над 40 степени на повеќе места низ државата. Вака, според синоптичарите, ќе биде до недела, кога се очекува опаѓање на дневната температура и врнежи од дожд и грмежи.

Поради топлотниот бран, од вчера има препораки за заштита на граѓаните. На работодавачите им се препорачува од денеска до сабота да ги ослободат од работа бремените жени и луѓето постари од 60 години, а се овозможува и работа од далечина и флексибилно и двократно работно време онаму каде што е изводливо.

Исто така, се препорачува да се одложи работниот процес во периодот од 11 до 17 часот за оние работници кои се изложени на директна топлина.

Реклама

Овие препораки не важат за вработените во критичната инфраструктура, како што се здравството, полицијата, армијата, транспортот, енергетиката и јавните комунални претпријатија.