Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Младите Роми во фокус: Меѓународниот ден на Ромите одбележан во Куманово

По повод Меѓународниот ден на Ромите, Јуроп хаус и Делегацијата на Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Меѓународниот ден на Ромите, Јуроп хаус и Делегацијата на Европската Унија, во соработка со Регионалната ромска образовна младинска асоцијација „Rromassn“ и Општина Куманово, организираа панел-дискусија „Real Talk: Roma Youth“, информираа денеска од Европска куќа. Преку панел-дискусијата, младите учесници споделиле лични приказни и размислувања за образованието, можностите и предизвиците со кои се соочуваат денес. Дискусијата отвори теми поврзани со еднаквите можности, пристапот до образование и активното учество.

На настанот се обратија градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, и Бен Нупнау, вршител на должност амбасадор на Делегацијата на Европската Унија.

Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, нагласи дека интеграцијата на Ромите значи образование, еднакви можности и достоинствен живот и дека Куманово го гради својот развој како мултиетничка заедница во која сите граѓани се чувствуваат еднакви.

Реклама

Бен Нупнау истакна, дека вклучувањето на Ромите не е само прашање што ги засега Ромите, туку дека е показател за тоа колку „навистина ги живееме нашите вредности и обврски и дали успеваме да изградиме еднакво општество за сите, во кое различноста се почитува и се прифаќа.“ Тој додаде дека во Северна Македонија Европската Унија континуирано ја поддржува инклузијата на ромската заедница преку проекти за образование, вработување, домување и пристап до здравствена заштита.

Во панел-дискусијата учествуваа Едис Еминоски, студент, млад ромски активист, Игбал Саидова, студентка и актерка, Емил Адемовски, млад активист и графички дизајнер, Алмира Фасљии Муарем, новинарка и активистка, како и Идрис Калов, наставник по ромски и германски јазик и активист. Нивните лични и професионални искуства понудија различни перспективи за предизвиците, но и можностите за напредок на ромската заедница.

Говорниците укажале на недостигот од еднакви можности при вработување и важноста од видливи позитивни примери во заедницата. Дел од нив споделија искуства со дискриминација уште од најрана возраст, посочувајќи дека за првпат се соочиле со предрасуди за време на учество на настани во мултиетничка средина. Наместо тоа да ги обесхрабри, овие искуства дополнително ги мотивирале да се докажат и да ги постигнат своите цели.

Во дискусијата беа споделени и позитивни примери на прифаќање и поддршка во образовниот систем, кои придонеле за личен и професионален развој. Дел од младите денес се успешни во своите области, вклучително и образование во странство, но заедничко за сите нив е активната граѓанска вклученост и посветеноста кон унапредување на правата на Ромите, со јасна амбиција да бидат пример за следните генерации.