Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Митев: Позитивното мислење од МОН е пристигнато во Општината, в.д. градоначалникот на Кочани прави хаос во образованието

Претседателот на Советот на Општина Кочани, Лазо Митев, потврди дека поседува документ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Советот на Општина Кочани, Лазо Митев, потврди дека поседува документ со кој Министерството за образование и наука дава позитивно мислење за формирање паралелки со помал број ученици во освните училишта во Општината. Исто така, тој потврди и дека документот го покажал на коoрдинација со претставниците на другите советнички групи, барајќи наставата да продолжи нормално со наставниците на кои не им се продолжени договорите за работа.

– Станува збор за некоректност од страна на в.д. градоначалникот Венко Крстевски, чие однесување негативно се одразува на образовниот процес и е против училиштата и учениците. Советот уште пред 15 дена донесе одлука поддржана од 14 советника, со која се дозволува формирање паралелки со помал број ученици, а Крстевски возврати со решение за запирање на таа одлука и не дозволи објавување во Службен гласник, со образложение дека нема позитивно мислење од МОН. Во меѓувреме и Министерството донесе позитивна одлука, а тој остана на своето, тврдејќи дека таква одлука во Општината не пристигнала, појаснува Митев.

Тој смета дека позитивното мислење од МОН е пристигнато во Општината и дека под влијание на в.д градоначалникот Венко Крстевски тоа се крие.

– Мислам дека в.д. градоначалникот Крстевски прави хаос во образованието во Кочани, додаде претседателот на Општинскиот совет, Лазо Митев, и најави седница на Советот за утре.

Реклама

– Позитивното мислење за формирање паралелки со помал број ученици од МОН е факт, го имаат сите советници. На утрешната седница како Совет нема да го поддржиме решението на Крстевски за поништување на нашата позитивна одлука за помали паралелки донесена уште на 27 август, по што, тој, во рок од седум дена е должен да ја објави во Службен гласник и таа ќе стапи во сила, со што состојбата во училиштата ќе се нормализира. Тоа е негова законска обврска. Ако тоа не го стори, јас лично ќе му поднесам кривична пријава, нагласи претседателот на Советот на Општина Кочани, Лазо Митев.


Претходно директорите на средните и основните училита во Кочани алармираа дека в.д. градоначалникот Венко Крстевски планира да укинува паралелки со помал број ученици, со што, како што наведоа, ќе му нанесе непроценлива штета на образовниот процес.

– Образованието не е играчка на в.д. градоначалникот кариерист. В.д. градоначалникот Венко Крстевски со својот план директно го загрозува образовниот процес.Со најава за укинување паралелки го доведува образованието во опасност, а последиците би биле катастрофални. Ако неговата намера се реализира ќе бидат затворени паралелки во Грдовци, Тркање, Подлог, Бели, Нивичани, Прибачево, Оризари и во сите училишта во градот. Со тоа повеќе од 50 наставници ќе останат без работа, а помалите населени места во Општината ќе останат без можност за нормално образование, рече Александар Андов, директор на ОУ „Никола Карев, во името на седум директори на училишта во Кочани.