Реклама

По Скопје, на удар на „совршената бура“ беше и југоисточниот дел: Настрадаа Штип, Свети Николе и Пробиштип

По хаваријата со водоводот: Владата ветува брзо решение за Гостивар

Однесено со ветрот: Ден по силната бура Скопје полека се опоравува, се санираат и бројат штетите

Кулминира топлотниот бран во Грција – во Атина екстремна опасност од пожари

Рокас: ЕУ ве гледа како идна членка, но владеењето на правото останува бескомпромисен услов

Брисел со нови пофалби за Македонија: Додека опозицијата блокира, Владата засилено работи на реформите

Од пеколни температури и пожари, до свежо време и бури: екстремна промена на временските услови за само една година

Повеќе пари за земјоделството, социјалната заштита и капиталните инвестиции – ребалансот на буџетот оди во Собрание

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Македонија

Мираковски: Во тек е процесот на проектирање на новиот Факултет за медицински науки во Штип

Процесите за изградба на Факултет за медицински науки и на Студентски дом…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Процесите за изградба на Факултет за медицински науки и на Студентски дом во Штип се во тек, изјави денеска ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип, Дејан Мираковски, кој присуствуваше на првиот академскиот час за студентите кои се запишаа во прва година на 12 факултети и трите академии на УГД-Штип. Мираковски на новинарско прашање дали има информации за кога ќе започне изградбата на овие два значајни објекти за градот Штип одговори дека штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ не го води овој процес, туку надлежни се ресорните министерства.

-Универзитетот „Гоце Делчев“ не го води дирекнто тој процес. Меѓутоа ние ќе учествуваме преку одредени работилници со проектантите, коишто ќе го изработуваат целиот проект. Колку што знам имаше првични контакти преку Министерството за образование. Целиот процес го водат два дела Министерството за здравство ја води изградбата на болницата, а од нас беа побарани мислења за големината на објектот, типот на објектот, какошто се за типот на училници, амфитатри којшто ни се потребни, како и за уредување на академскиот дел, односно за факултетскиот дел на тој објект, вели Мираковски.

Тој додаде дека  за Студентскиот дом анализата треба да се направи од страна на проектантите. Факултетот за медицински науки ќе се гради веднаш до новиот објект на штипската Клиничка болница, а во нивна близина ќе се гради и нов Студентски дом, со капацитет до 200 легла. Овие два  објекти треба да ги проектират реномирани компании од Обединетотот кралство.