Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

„Министерството за здравство демантира: Вработувањата во Клиничка болница Тетово се легитимни, лажни тврдења создаваат паника“

Во јавноста се лиферуваат соопштенија кои се, во најмала рака, непристојни и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во јавноста се лиферуваат соопштенија кои се, во најмала рака, непристојни и штетни за целокупната јавност а поврзани со вработувањето на кадарот во Клиничка болничка Тетово, се наведува во реакцијата на Министерството за здравство што МИА ја пренесува интегрално.

Ова се фактите:

Најважно од се’, сите имаат валидни договори за вработување на определено време до 31.12.2025 година
Обезбедена е согласност од Министерството за финансии за вработувањата во Клиничка болница Тетово (во прилог примерок од документот како разобличување на лагата дека Министерството „доби негативен одговор од Фондот за здравствено осигурување“)

Реклама

Објавени се огласите за вработување

Направени се тестирањата на кандидатите на 07.08.2025 а не „пред 10 дена“ како што сензационалистички е кажано

Секако дека постапката за вработувањата е ставена во мирување поради распишувањето на локалните избори и веднаш по нивното завршување целата процедура ќе биде завршена и сите ќе добијат решение.
Напоменуваме дека ова се фактите, а со паушалните соопштенија и со користење на лажни информации се нанесува штета на Министерството за здравство како институција и за жал, неосновано се предизвикува паника и вознемиреност кај вработените во Клиничка болница Тетово кои деноноќно се грижат за здравјето на нашите сограѓани.